Едукативен планински камп за млади во организација на Спасителната служба „Златоврв“


Ве известуваме дека Спасителната служба Златоврв организира Едукативен Планински Камп за Млади од 11. до 13. јуни (од петок до недела). Три дневниот камп ќе се одржи во с. Оревоец. Ќе имате можност да ја запознаете природата од еден поинаков агол, како и придизвиците кои таа ги нуди, а не секогаш сме спремни за истите.

Целта на овој камп е пред се, да се зголеми спортската активност кај младите во Прилеп и едукативно да се запознаат со природата, а истовремено да се активираат и другите спортски здруженија во Прилеп да се придружат на оваа иницијатива.

Наутро ќе тренираме, а во текот на денот преку различни активности ќе ги учиме основните техники на планинарењето, како и спасувањето во рурални и недостапни места. Исто така ќе учиме основни принципи на прва помош и самопомош, техники на јаже, поставување на жичара и уште многу интересни активности. Се разбира никаде и без малку забава. Вечерите ќе ги поминиме покрај логорски оган со уметност, музика и гитара.

Право и предност на учество имаат младите. За учество во кампот ви е потребно шатор и вреќа за спиење, подметач и прибор. Секој учесник е задолжен за својата храна (“храна од ранец“). Ви препорачуваме да носите повеќе храна и топла облека.

Кампот ќе биде изведен во согласност со сите препораки од Владата за заштита од корона вирусот и според протоколот за организирање на планинарски акции.

Пријавете се во порака преку нашиот профил на Facebook https://www.facebook.com/rescueservicezlatovrv или Instagram @sszlatovrv.

Рок за пријавување до 5. Јуни.

Спортски поздрав, Тимот на ССЗ

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи