Дали ќе им кажеме „Збогум“ на маските на отворено од 1 јуни?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерот за здравство Венко Филипче за ТВ21, најави дека наредната недела Комисијата ќе одлучува какви мерки за заштита од ковид-19 ќе бидат активирани од 1 јуни, како и дека ќе се разговара за евентуално укинување на мерката за носење маски на отворен простор.

„Можно е да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски. Следната недела ќе има состанок Комисијата, која ќе одлучува за понатаму. Овие мерки важат до 1 јуни“, изјави Филипче.

Задолжителното носење маски беше воведено на 23 април минатата година. Прво маските беа задолжителни замо во затворени простории, а подоцна мораа да се носат и на отворено. Казната за неносење на маска, шал или марама за граѓаните кои ќе бидат затекнати на јавни површини, е 20 евра. За фирмите, кои не обезбедуваат заштитни маски за вработените, казната изнесува од 500 до 2.000 евра.

Иако во јавноста веќе се шпекулира за ваквата опција, доктор Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести во изјава за „Слободен печат“ вели дека неопходна е 14 дневна опсервација и дека е се уште рано за заклучоци.

„Се уште е многу рано, имаме денови пред нас, актуелните мерки важат до први јуни, и пред време не можам да кажам ништо. Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок следната недела и ќе одлучи какви мерки за заштита од коронавирусот ќе бидат активирани од 1 јуни. Моето лично мислење не е важно, затоа што одлуките не се донесуваат врз ничие лично мислење или став, туку врз основа на бројки и параметри. Се анализираат сите достапни податоци, се анализира колку хоспитализации има, и колку болнички кревети се слободни. Се анализира и смртноста односно колкав е процентот на морбидитет во период од 14 дена“, објаснува д-р Караџовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video