Доктор Пановски: Токсични лекови се даваа и на здрави луѓе

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Доктор Никола Пановски, универзитетски професор, гостувајќи во Студио 10 на ТВ 24 изјави дека е изненаден од намалувањето на силината на третиот бран и смета дека се има постигнато некаков колективен имунитет. Истовремено, тој искажува и незадоволство од употребата на антибиотиците кои биле давани и кај здрави луѓе.

„Почнува да се собираат луѓе и во затворен простор, до сега оптимистички е дека има паѓање на бројките. Има колективен имунитет некаков, изненаден сум колку брзо третиот бран отиде надолу. За жал бројот на починати паѓа многу споро. Добро е што луѓето не се собираат во затворен простор. Друго објаснување освен колективен имунитет не можам да најдам. Овој пролетен бран беше посилен, меѓу 60 и 70% од луѓето биле во контакт со вирусот, пред се млади луѓе. Требаше државата кога виде дека премногу „креативно“ се лекуваат луѓето, не се почитуваат протоколите, да се испрати писмен допис, не може во една болница во Скопје да се дава ивермектин, а во друга да не се дава. Голем срам доживеа државата со антибиотиците, токсични лекови се даваа, забранети, и никаква реакција, освен јас уште неколку доктори, се даваа лекови и кај здрави луѓе. Другите аспекти треба да ги испитаат“, вели д-р Никола Пановски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи