Измени на законот за пензионирање на 64 години и за мажи и за жени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува законското решение за одење во пензија на 64 години да биде одлокирано во Собранието и да бидат повлечени поднесените 482 амандмани, а за решението за предвремено одење во пензија и можноста за докупување на стажот рече дека оваа година не се работи на тој закон.

„Законското решение со кое се предвидува одење во пензија на мажите и жените на 64 години се наоѓа во Собрание. Го предожија пратениците и во измиантиот период имаше 482 амандмани. Ова е системски закон кој според моите сознанија ќе биде деблокиран и дека ќе продолжи собраниската процедура, односно дека ќе бидат повлечени амандманите“, рече Шахпакса.

Додаде дека законот предвидува одење во пензија на 64 години и за мажите и за жените и 15 години работен стаж, но дека доколку  жените сакаат може да поднесат барање за да се пензионираат на 62 години возраст.

Информира дека МТСП во моментот не работи на законско решение  за предвремена пензија со откуп на стаж, бидејќи како што рече работата на законот за недела неработен ден и системскиот Закон за работни односи кои бараа повеќе време и поголем ангажман.

Инаку, со измените на правилата за пензионирање предвидено е во пензија да се оди со наполнети 64 години старост и 15 години стаж. Исклучок се жените, кои ако сакаат може да одат во пензија и на 62 години, како и универзитетските професори и здравствените работници на кои им се дозволува договорите за работа да ги продолжуваат и по наполнети 64 години. Сите овие измени се предложени од група пратеници од владејачката коалиција.

Во државата во моментов има 325 илјади корисници на пензија, а со овие законски измени бројот на пензионери би се зголемил. Директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Билјана Јовановска изјави дека Фондот е во добра финансиска кондиција и може да го издржи напливот на пензионери по донесување и стапување во сила на новите услови за пензионирање. За да може редовно да ги исплатува пензиите Фондот од државниот буџет сега добива по 90.000 евра, што е еднакво на 38 проценти од потребните средства. Само пред неколку години државната дотација надминуваше 43 проценти.

Во однос на измените на Законот за работни односи каде се дефинира неделата за неработен ден, министерката Шахпаска посочи дека паралелно се оди на измени на Законот за трговија, каде е посочено дека ќе работат моловите во една смена од 10 до 18 часот со претходно добиена лиценца и предвидена 100 проценти повисока дневница за оние што ќе работат и право на неделен одмор, како и уплата на два отсто од остварениот промет во буџетот на РМ, за кој проценката е дека би изнесувал 1,2 милиони евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи