Нови јавни огласи од АВРМ, аплицирање до петок

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата дава дополнителна можност на сите заинтересирани невработени лица и работодавачи да аплицираат за мерките и програмите од Оперативниот план за 2021 година. Јавните огласи за мерките самовработување, субвенционирање плата, практиканство, обука на работно место за познат работодавач и програмата за јавни работи се објавени денеска и може да се аплицира до петок, односно 28 мај.

Како што појаснија денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување на РСМ Абдуш Демири, оперативниот план е во почетна фаза, на новите објави не треба да се пријавуваат веќе оние кои аплицирале во претходниот рок и дека изборот на кандидатите со кои ќе се склучи договор ќе се врши по завршување на рокот за пријавување на реобјавените јавни огласи.

Со мерките и програмите е предвидено да бидат опфатени 10 279 лица, а предвидените средства се во износ од 1,5 милијрди денари. Можност за коритење на мерките и програмите имаат и останатите без работа во периодот на кризата од Ковид 19 чија бројка заклучно со 31 април 2021 година изнесува 17 005 лица.

„На граѓаните и на работодавачите им даваме уште една дополнителна шанса да аплицираат за програмата самовработување, субвенционирање плата, парактиканство, обука на работно место за познат работодавач и програмата јавни работи. Преку Оперативниот план се обезбедува поддршка за креиерање нови работни места и зголемување на вработеливоста на невработените, особено на младите, дологорочо невработени, корисниците на грантирана минимална помош, како и на невработените кои останале без работа во период на пандемијата“, рече министерката Шахпаска.

Дополнително за намалување на јазот меѓу вработеноста на мажите и жените на пазарот на труд, криеиран е афирматививен пристап при селекција на кандидатите во мерката самовработување каде соодносот меѓу мажите и жените ќе биде 40 спрема 60 проценти, а при рангирање на кандидати кои имаат освоени ист број пеони ќе се даде предност на млади до 34 години и корисници на гарантирана минимална помош.

Според Шахпаска, целта на овие принципи е да се постигне рамномерна поддршка со Оператиниот план која нема да биде селективна и ќе ги опфаќа сите граѓани.

Интересот за мерките и програмите од Оперативниот план, според директорот Демири е голем и веќе за некои се притигнати и повеќе апликации од предвиденото.

„Нашата цел е во што поголема мера да излеземе во пресрет на невработените лица и работодавачите и да одговориме на барањата на пазарот на трудот. Целиот процес на имплементација на Оперативниот план е во почетна фаза. Поради големиот интерес за мерките што ги објавивме одлучивме во координација со МТСП и претставници на Владата да реобјавиме уште еднаш за да дадеме можност на лицата кои не успеале да аплицираат на првиот оглас. Во тој период беа подготвени упатства, бидејќи оваа година имаме новина да се имплементраат приниципите. Процесот е во почетна фаза и откако ќе биде завршена оваа фаза ќе тече процесот на избор на кандидатите. Веќе е поголем офпатот отколку што беше порано“, рече Демири.

Соопшти дека бројот на бројот на пријавени за мерката за самовработување досега е 2 523 а дека е предвидена поддршка за 1 762 лица и дека со реобјавувањето се дава можност и на други лица да апицираат.

Смета дека во координација со Владата и Министерството за труд и социјална политика, за поголем опфат може да се даде можност со ребалансот на Буџетот.

Заинтерсираните за јавните огласи може да добијат информации во 30 центри за вработување низ земјава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи