Родителите од „Учебници и настава мора да има“ собираат потписи за референдум

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Нова можност за родителите од групата “Учебници и настава мора да има” да ги соберат потребните потписи за покренување иницијатива за референдум за Законот за учебници откако претходно Собранието експресно го одби првичното барање со образложение дека истото било неуредно доставено.

Родителите денеска започнаа со собирање на потписите во Државната изборна комисија по што предлогот повторно ќе биде доставен до законодавниот дом.

„Ги очекуваме граѓаните на Скопје во работно време до 16:30 да ги дадат потписите. Иницијални се потребни 100 потписи за поднесување на предлогот до Собранието а понатаму постапката следува граѓанската иницијатива 10.000 потписи. Во Скопје не се многу а за Битола имам информации дека веќе се собрани потребните потпис“,  рече Ѓорѓи Димовски – координатор на иницијативата.

Од Иницијативата за утре во 18 часот закажаа нови протести во повеќе градови низ Македонија, како и мирен марш во Скопје од каде повторно ќе ги презентираат своите ставови и барања за најавената дигитализација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи