Рокот за аплицирање за субвенции продолжен до 30. Јуни, одлучи Влада по барање на МЗШВ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека рокот за аплицирање за субвенции наместо до 31. Мај ќе биде продолжен 1 месец, заклучно со 30. Јуни 2021.

„Ве известуваме дека рокот за аплицирање за субвенции наместо до 31.мај, ќе биде продолжен до крајот на јуни, заклучно со 30.06.2021.

Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка со Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, поднесоа барање до Владата на РСМ за продолжување на рокот. На денешната седница, Владата го прифати барањето.

Ве замолуваме, искористете го продолжениот рок и аплицирајте електронски на www.ipardpa.gov.mk или обратете се во подрачните единици на МЗШВ. Вработените ќе ви помогнат да аплицирате“, стои во соопштението на МЗШВ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи