Тимот на ИРЛ ја доби наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Тимот новинари од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја добија наградата „Никола Младенов 2020“ за Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови на тема „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за ковид-19“.

Наградата за најдобра репортерска фотографија и е доделена на фоторепортерката Арбнора Мехмети за фотографијата на тема „Две патки поминуваат на пешачки премин во време на полициски час“ објавена во „Слободен печат“.

Наградата за најдобар иновативен новинарски производ е доделена на новинарот Александар Манасиев за мултимедијалната сторија „Тивките балкански убијци“ што ја обработува темата за влијанието на термоцентралите врз животната средина, објавена на Интернет платформата „Види вака“.

Наградите се доделуваат традиционално по дваесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за  унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи