Уставен суд одлучи во полза на штедачите на Еуростандард и го укина членот 163 од Законот за банки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Уставниот суд денеска го укина ставот 3 од членот 163 од Законот за банките  со кој се овозможува приоритет на побарувањата на Фондот за осигурување на депозити при прогласување на стечај на банка.

Како што е соопштено, Уставниот суд  одлучи да  го укине член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/201, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019).

Иницијативата за оценување на уставноста на ставот 3 од членот 163 од Законот за банките ја поднесоа оштетени штедачи од Еуростандард банка, а членот 163, став 3, кој тие го оспоруваат, гласи:

„Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители“.

Тоа во практика значи кога банка ќе отиде во стечај, прво се обесштетува Фондот за осигурување депозити, кој е формиран за да ги обесштети граѓаните со штеден влог до 30.000 евра, што е максимален влог кој е гарантиран со закон. Ако некој има заштеда над таа сума, мора да чека од стечајната маса да му бидат вратени парите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи