Речиси ист број на новозаразени и починати од корона во Македонија, во Прилеп 1 починат


Министерството за здравство (MЗ) информира дека во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а дека се потврдени 14 нови случаи на Ковид-19.

Регистрирани се 10 случаи во Скопје и по 1 случај во Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод.

Исто така, МЗ информира дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 13 лица.

Починале по 3 лица од Скопје (61г, 76г и 86г) и Гостивар (63г, 69г и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г). Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Регистрирани се 103 оздравени пациенти од, односно од Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2 и по 1 од Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи