Вечерва спектакуларна „Крвава супермесечина“ и затемнување на Месечината

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Првото целосно затемнување на Месечината во последните две години ќе се случи денеска. Мајската супермесечина е една од трите оваа година и ќе биде најголема меѓу нив. Супермесечина се јавува кога Месечината изгледа поголема од вообичаено затоа што е најблиску до Земјата.

Но, ова ќе биде особено супер настан, бидејќи тоа ќе биде супермесечина, затемнување на Месечината и црвена крвава месечина одеднаш.

Крвавата супермесечина се појавува при целосно затемнување на Месечината, во моментот кога Земјата ќе се најде директно помеѓу Месечината и Сонцето, криејќи ја Месечината од сончевата светлина, и го добива името „крвава“ поради црвениот сјај.

Последица на ваквите настани е „светлосен прстен“ околу Месечината, но астрономите сè уште не можат да предвидат до кој степен ќе биде црвено бидејќи може да биде под влијание на прашина во атмосферата, соопшти НАСА.

Затемнувањето ќе трае околу 14 минути, а целиот настан околу пет часа.


Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video