ВИДЕО – Писателите: Апсурдни се тврдењата за бугарски корења на македонскиот јазик, немаме никаква потреба никому ништо да докажуваме

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Апсурдни и беспредметни се да се коментират негирањата на медонскиот јазик и тврдењето за неговите бугарски корени. Нека ги прочитаат трудовите на Конески и се ќе е јасно. Ова е ставот на писателите од Македонија кои денеска во родното Небрегово на Конески, во Спомен домот, одржаа „Поетска средба“, како дел од манифестацијата „2021 – Година во чест 100 годишнината од раѓањето на Конески“.

„Апсурдни и беспредметни се тие тврдења. Ние како Македонци, оваа генерација, немаме никаква потреба никому ништо да покажуваме, ниту да докажуваме, кој сака да дознае да проучи, да види нека ги отвори книгите на Блаже Конески и се ќе му биде јасно. А преку Блаже Конески секако и на Мисирков и да не одиме понатаму, нема никаква потреба“, рече Глигор Стојковски, писател.

Писателите велат дека се додека се создава литература на македонски јазик ништо не може да го загрози ниту јазикот ниту нашето постоење како народ.

„Се додека ние создаваме литература на македонски јазик и твориме на македонски јазик, нема ништо што би можело да го загрози ниту јазикот, ниту нашата опстојба. Бидејќи јазикот, литературата, културата тие се тие чинители кои ја негуваат и нашата хуманост, нашиот хуманитет и идентитет“, истакна Соња Стојменска Елзесер, претседател на Друштво на писатели на Македонија.

На 20 паноа НУБ „Св. Климент Охридски“ ги изкложи сите дела на Конески кои ги поседуваж, за да како што рекоа се оддолжат на некој начин за се што Конески направи за  Македонија и македонскиот јазик.

„Многу пати и Конески самиот повторуваше дека единствена неподелена Татковина на македонскиот народ е јазикот. И затоа треба да бидеме благодарни и не само вакви јубилеи туку тој треба да биде постајано присутен помеѓу нас како ѕвезда водилка“, додаде Блаже Миневски, НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Од Заводот и Музеј Прилеп, кои се дел од организацијата на овие настани, велат дека по завршувањето на пандемијата, се надеваат  Спомен домот на Конески конечно да влезе во календарот училиште екскурзии.

„Ние до Министерството за образование веќе упативме писмо со вакво барање и тоа е прифатено, но со пандемијата минатата година тоа не се случи. Се надеваме дека сега со смирување на ситуацијата дека ќе биде зголемена посетата од страна на учениците“, изјави Блаже Атанасоски, директор на Завод и музеј Прилеп.

Инаку оваа година е предвидено одржување на повеќе настани во чест на Конески, а стогодишнината од неговото раѓање е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи