Владата ќе набави 200.000 бесплатни картички за патарини за српските туристи во износ од 2,8 милиони евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски за начинот на кој ќе се реализира идејата за државјаните на Србија летово да бидат ослободени од плаќање патарина на македонските автопати.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи за распределба на електронски картички (М-Смарт Кард) на српските туристи кои ќе влегуваат во земјава преку граничниот премин Табановце. Станува збор единствено за државјаните од оваа земја кои ќе патуваат со патнички моторни возила, кои би транзитирале на Коридорот 10 во периодот од 15 јуни до 15 август годинава, информираат од владината прес-служба.

Воедно, Министерството за финансии е задолжено да префрли средства во износ од околу 2,8 милиони евра (172 милиони денари) за набавка на 200.000 М-Смарт Кард електронски картички на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Оние средства што ќе останат неискористени ќе бидат вратени во државниот буџет.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video