Добрила Кацарска е нова претседателка на Уставниот суд

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Добрила Кацарска е новиот претседател на Уставниот суд. Пред малку беше избрана со тајно гласање и дво-третинско мнозинство на деветмината уставни судии.

Досегашниот претседател Сали Мурати ја напушта и претседателската и судската функција во Уставен, бидејќи му завршува деветгодишниот мандат. Нема право на реизбор.

Кацарска беше избрана за уставен судија во ноември 2020-та по предлог на Судскиот совет. Беше судијка во Кривичниот суд од 86-та година.

Kако судијка во Основниот суд Скопје 1, Кацарска го судеше предметoт за настаните од 27 април, и случајот „Тенк“ за начинот на набавка на блиндираниот „мерцедес“ во кој на затворски казни се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video