ЕУ исплати седми пакет помош за земјите членки вреден 14.1 милијарди евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Европската комисија исплати вкупно 14,1 милијарди евра на 12 земји-членки за поддршка на трошоците од зголемување на јавните расходи, со цел да се зачуваат работните места за време на пандемијата на ковид-19.

Ова е седма транша помош за која средствата се обезбедуваат со продажба на заеднички обврзници на ЕУ на меѓународниот финансиски пазар.

Со денешната исплата – Белгија доби две милијарди евра, Бугарија 511 милиони евра, Кипар 124 милиони евра, Грција 2,54 милијарди евра, Шпанија 3,37 милијарди евра, Италија 751 милиони евра, Литванија 355 милиони евра, Летонија 113 милиони евра, Малта 177 милиони , Полска 1,56 милијарди евра, Португалија 2,41 милијарди евра и Естонија 230 милиони евра.

Сите земји-членки на ЕУ кои побарале да го користат тој механизам за помош добиле дел или целата барана сума.  Вкупно 19 земји-членки на ЕУ треба да добијат 94,3 милијарди евра финансиска поддршка, а земјите-членки се уште можат да аплицираат за финансиска поддршка според програма која е со вредност до 100 милијарди евра.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video