Индиски пар изнајмил авион за да се венча за да ги избегне ковид мерките, авионот имал над 160 „гости“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Двојка од Индија наводно изнајмила авион и се венчала кон средината на летото со повеќе од 160 гости, со цел да ги избегнaт правилата воведени поради коронавирусот.

Младенците Ракеш и Дакшина се венчале пред семејството и пријателите во авион во неделата, откако резервирале лет од градот Мадураи во Индија.

Повеќе од 160 луѓе биле на летот со Боинг 737 за да присуствуваат на церемонијата, пренесува Дејли Меил.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат полн авион, на денот кога бројот на смртни случаи во Индија надминал 300.000.

Државата Тамил Наду, од каде полетал авионот, во моментов е под клуч, а свадбите се ограничени на 50 лица.

Аеродромските службеници исто така не биле свесни за постапката што се одвивала непосредно над храмот Мадураи Менакши Аман, каде парот имал намера да се венча.

Индиската авијација започнала истрага, јавуваат локалните медиуми.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи