Царовска не отстапува: Промени во образованието мора да има

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Промени во образованието мора да има порача, министерката за образование и наука Мила Царовска. За иницијативата за собирање потписи со која се бара граѓаните да се изјаснат на референдум, министерката посочи дека референдумот е демократско право и за тоа си има постапка. И покрај оспорувањето на дигитализацијата, министерката посочи дека во континуитет течат подготовките за наставата во прво и четврто одделение од учебната 2021/2022 година да почне по нови наставни програми и модернизација на образованието.

Таа истакна дека постојано има дијалог и дека Министерството е отворено за сите засегнати што имаат конструктивни предлози, а голем дел од нив, рече, се прифатени и преточени во законското решение.

„Затоа што ако вака тапкаме во место уште две, пет, седум години, го губиме и можниот потенцијал што, ако почнеме сега, може да го создадеме за период од пет, седум и петнаесет години, кога реално може да очекуваме учениците што сега влегуваат во основно образование потоа да излезат како попродуктивни граѓани коишто ќе бидат обучени за современото жовеење, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на средното скопско стручно училиште „Владо Тасевски.

Родителите најавија дека ќе ги радикализираат протестите. Во 18 часот протестот ќе започне пред МОН а ќе заврши пред собранието. Најава за протести има и во другите градови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи