Започнува имплементацијата на проектот за поголемо вклучување на младите

Започнуваме со спроведување на неколку работилници на кои ќе разговараме за младински проекти кои ќе инсистираме да влезат во програмите на политичките партии на наредните локални избори, изјави Сотир Габелоски, советник за млади во Општина Крушево.
„Во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи“ ќе спроведеме неколку настани со младите на кои ќе предлагаме и усогласуваме проекти од наш интерес. Целта е политичките партии повеќе да ги отсликуваат нашите потреби, а локалната самоуправа да имплементира повеќе проекти кои се во наш интерес, но и се произлезени од нас, младите од Крушево, рече Габелоски.
Креирана е посебна Фејсбук страница за оваа иницијатива насловена „Од млади за млади“ од каде што ќе се споделуваат сите информации поврзани со проектот.
„Ве поканувам уште од сега да размислуваме за проблеми и предлог решенија од нашето секојдневие и тие да ги внесеме во еден посебен документ кој ќе произлезе од овие работилници“, додаде Габелоски.
„Поддршка на изборни реформи“ е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи