Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 14 °C до 29 °C.
УХМП со актуелно предупредување:
Денес ка и утре во попладнедневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град.