АППТ: Се очекува бројот на гости од регионот да порасне и да почне закрепнувањето на туризмот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од денеска и во наредните неколку дена ја придружува екипата на Радио-телевизија Србија (РТС – „Око магазин”) при нивната тура во Охрид и низ источниот дел на земјава.нАгенцијата соопшти дека идејата на екипата е да се стави акцент на источниот и западниот дел на државава при снимања репортажи и да се прикажат интересни места и луѓе во нивната приказна за ТВ-гледачите.

Ова е само еден од начините на кои АППТ работи на промоција на туристичките потенцијали во државава. Со интензивирање на имунизацијата, се очекува бројот на гостите од регионот да порасне и на тој начин да почне закрепнувањето на туризмот и поуспешна сезона од 2020 година, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Веднаш по посетата на екипата од РТС, најавена е посета на земјава од претставници на туристичкиот канал „Балкан трип” од Србија и 35 тур-оператори од Полска.

АППТ посочува дека следува и зголемена дипломатска активност во регионот за промовирање на Република Македонија како сигурна дестинација за патување, а македонските туристички потенцијали остануваат во фокусот на регионалните медиуми преку кампања која ја спроведува Агенцијата.

„Продолжува промоцијата за тоа дека Македонија е дел од листата на 100-те дестинации кои ги прифатија безбедносните протоколи на WTTC, кои гарантираат сигурно патување, како и активното аплицирање на безбедносниот печат на поголемиот број чинители во туризмот, соопшти АППТ.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video