ВИДЕО – Мицкоски: За Прилеп следуваат најдобрите 4 години на чело со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Нас Прилеп ни е еден од врвните приоритети и сакаме во Прилеп да го дадеме најдоброто од себе, да победиме и потоа да покажеме дека Прилеп ги доживеа изминатите најтешки години во своето постоење, ова денеска во Прилеп по средбата со бизнис секторот го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„4 години од раководење на актуелниот градоначалник и СДСМ на централна власт, а периодот кој што следи се најдобрите години за Прилеп и прилепчани, кој ќе го менаџираат би рекол и градот и администрацијата во градот, а ќе бидат предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Од она кое што можев да го слушнам од бизнисмените овде во Прилеп навистина условите за стопанисување се тешки и покрај ковид пандемијата која ги направи условите тешки и самата локална администрација, но и централната влада тие услови ги направи да бидат уште потешки.

Се борат за секое едно работно место, овие луѓе често пати се јунаци, да обезбедат работа за вработените, да обезбедат пристоен личен доход и континуирано да работат на подобрување на условите за работа и условите за живеење на вработените во овие претпријатија, така што еве на крај мојата порака е дека од овие најлоши и најтешки 4 години за Прилеп и прилепчани следуваат најдобрите 4 години, 4 години во кои што ќе биде градоначалник на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Вистински економски, инфраструктурен и урбанистички бум на Прилеп и прилепчани, тоа е она што ние го очекуваме и тоа е она што ние ќе го испорачаме пред прилепчани“, истакна Мицкоски.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video