ВИДЕО- Мицкоски: Како Вице Заев се препозна во скандалот со РЕК Битола незнам, можеби си ја има мувата на капата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Имаме криминален случај кој вчера на брифингот ВМРО-ДПМНЕ го презентираше пред македонската јавност, но тоа е еден од многуте што доведе лошо да се менаџира и управува со ресурсите, како што се јагленот и водата и тоа имплицира понатаму зголемување на цената на електричната енергија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Вице Заев е вмешан во скандалот во РЕК Битола со фирмата „Рубитон“.

„Ние никаде не споменавме дека станува збор за лицето кое вие го споменавте, ние само споменавме дека во записникот кој е дел од одделението за гонење на организиран криминал и корупција стои името Вице Н. Зошто тој се препознал, зошто беа потребни сите оние жолчни реакции и навреди кон мене лично, кон граѓаните, кон институциите, кон ВМРО-ДПМНЕ од СДСМ, од ЕСМ или поранешна ЕЛЕМ, од ова лице кое вие сега го спомнавте, навистина не знам. Јас никаде на тој брифинг со новинарите јас не го споменав неговото име и презиме, туку едноставно само го прочитав записникот.

И кај мене предизвика чудење зошто во едната верзија која што е претходно изготвена и доставена во Обвинителството да постапува се наоѓаат неколку имиња, меѓу кои и името Вице, не знам дали станува збор за тоа лице кое вие го кажавте, треба Обвинителството да се потруди и да открие дали станува збор за тоа лице, или за некое друго, бидејќи таму има некој Иљо, некој Горан, со име и презиме се споменува само лицето Васко Ковачевски и лицата кои се сопственици на компанијата „Рубитон“, а тоа се господата Василев и господинот Радивчев.

Само тие се споменуваат со име и презиме, како се препознал овој, дали си ја ишка мувата од капата па мораше така жестоко мене да ме навредува, да ме навредуваат од СДСМ, да ме навредуваат од ЕСМ, оставам на нивната чест и честитост, а на Обвинителството оставам да открие дали станува збор за тоа лице, или за за некое друго лице, бидејќи јас само споменав име Вице, презиме Н., односно непознато.

Е сега тој се препознал и почна да ме навредува, но тоа е што е, јас сум навикнат на таков тип на луѓе и карактери, можам само да ги поздравам и да им посакам многу здравје, среќа и успех во работата, а дали таа била чесна или нечесна има институции во оваа држава кои треба да се позанимаваат сега или кога ќе дојде некоја друга подемократска власт која ќе ги ослободи тие информации“, рече Мицкоски.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video