ВИДЕО – Мицкоски: Ништо повеќе нема да отстапиме, претрпивме доволно понижувања, време е ЕУ да одобри почеток на преговорите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонија треба да си го добие тоа што е заслужено, а тоа е безусловен почеток на преговорите со ЕУ и тоа треба да се случи сега во јуни месец. Ова денеска во Прилеп го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, Македонија тоа членство го заслужила и досега дала премногу жртви, и претрпела премногу понижувања и омаловажувања за овие 30 години независност и требало преговорите да започнат во јуни.

„Тоа треба да му биде јасно на секој еден политичар во Брисел, во администрацијата, но и на оние кои се дел од европскиот совет. Тоа го очекувам да се случи уште сега во јуни. За жал нашата влада, ако малку повеќе работеше на делот на реформите, независно судство, владеење на право, независно обвинителство, квалитетно здравство, реформирано обвинителство итн. ќе имавме многу повеќе аргументи на наша страна. За жал ние сме на дното и затоа сега притисокот е фокусиран директно на владата на СДСМ и Зоран во делот на попустливост и играње со националните приоритети, односно идентитетските прашања, играње со идентитетот на македонскиот народ, но и македонската нација.

Еве овде од Прилеп ја користам оваа прилика да им порачам на Зоран Заев и на луѓето околу него да не си играат со идентитетот на македонскиот народ и идентитетот на македонската нација, да не прифатат договор каде што ќе потпишат и една реченица која што ќе биде двосмислена, двонасочна или повеќесмислена, а ќе го задира идентитетот на македонскиот народ.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера тој договор да го почитува, ова е порака и до бугарските власти, еднострано ќе го напушти без разлика на политичките репрекусии кон мене лично, кон ВМРО-ДПМНЕ и кон идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Немаме намера да отстапиме дополнителни национални концесии, доволно понижување истрпи овој народ, оваа нација, овие граѓани. Веднаш дата, уште во јуни треба да се случи и јас апелирам до европските политичари тоа што го ветија, тоа да го исполнат“, истакна Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи