ЛАГ АГРО ЛИДЕР на информативна средба со жени од општина Долнени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во нашата држава, повеќето рурални жени и девојчиња се во неповолна положба во споредба со мажите и момчињата. Тие се соочуваат со предизвици во образовниот процес, пристапот до програми за доедукација и стекнување на нови вештини, овозможување на финансиска независност, ограничени можности да работат надвор од домаќинството, како и ограничени можности да учествуваат во процесите на креирање на политики за социо-економски развој и подобрување на квалитетот на живот на локалната заедница.

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР со поддршка на Федералното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи, своите активности ги насочува кон детектирање на предизвиците со кои се соочуваат жените и девојките во руралните средини, со цел во заедничка соработка со институциите да се намали “родовиот јаз” и да се креираат програми кои ќе го подобрат животот на жените во руралните средини.

Денес, остваривме средба со жени и девојки од руралните средини на општина Долнени, на која детектиравме дел од предизвиците од социјалната, образовната, здравствената и економската сфера кои се неопходни за квалитетен живот.

Ограничениот пристап до информации, немањето на можности за доедукација и советодавна поддршка во руралните средини, непостоењето на градинки и центри за ран детски развој, како и непостоење на средни училишта, непостоење на здравствени амбуланти, стоматолошки и гинеколошки ординации, ограничената мобилност (непоседувањето на возачка дозвола, ограничен јавен превоз и др.)итн, ја нагласува неповолната положба на жените во руралните средини во нашата држава.

Современиот начин на живеење ги интензивира постоечките предизвици и борби на руралната жена, а пандемијата со КОВИД-19 допонително ги продлабочи постоечките структурни, економски, социјални и технолошки нееднаквости, зголемувајќи го товарот на нивната улога како мајки, домаќинки, едукатори, и земјоделки.

Во соработка со ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп споделивме информации за достапните програми од социјална заштита, заштита на децата, како и  програмите за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Исто така презентирана беше и платформата Домашно.мк, каде што можат да ги промовираат и продаваат своите производи, и да остварат приход.

Политичките интервенции есенцијално е да ги вклучат правата и зајакнувањето на жените од руралните средини како клучен елемент во создавањето еднакви можности за сите, со цел да се постигне намалување на постоечките родови нееднаквости и создавање на социјална и економска благосостојба на руралните жени.

Александра Стеваноска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video