Националниот парк „Галичица“ изѕидан со над 2.000 дивоградби

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Националниот парк „Галичица”, кој е и под заштита на УНЕСКО, евидентирани се 2.321 објекти за кои тече постапката за легализација, објави МКД.МК.

Директорот на Националниот парк Андон Бојаџи  вели дека е крајно недозволиво државата некому да му одобри легализација на дивоградба, па уште изградена на државно земјиште и уште да плати за тоа ниска сума на пари како што тоа го имаше предвидено законот.

„За мене е крајно недозволиво државата некому да му одобри легализација на дивоградба, па уште изградена на државно земјиште и уште да плати за тоа ниска сума на пари како што тоа го имаше предвидено законот. Ем дивоградба, ем на државно земјиште, а да не спомнувам и дека се работи за Национален парк под заштитата на УНЕСКО. И навистина, голем е бројот на објекти каде е узурпирано земјиште во сопственост на државата”, вели Бојаџи и нагласува дека урбанизацијата е проблемот број еден за статусот на Галичица.

„Галичица” е прогласена за национален парк во 1958 година, опфаќа дел од планинскиот масив на Галичица и делови од охридското и преспанското крајбрежје, како и островот Голем Град во Преспанското Езеро. Нуди единствен поглед на двете езера, Националниот парк има над 1,5 милиони посетители годишно, изобилува со ретка флора и фауна, 3.279 животински видови, и 1.644 видови на пеперутки. Дел од овој жив свет живее само тука и никаде на друго место во светот. Околу две третини од Паркот е вклучен во границите на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион, впишано на листата на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Од големиот број културно-историски споменици на територијата на Паркот позначајни се: манастирот „Св. Наум”, црквата „Св. Богородица Захумска”, археолошките наоѓалишта на островот Голем Град и многу други.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи