Скопјанец со калашников го убил кучето на соседот во прилепско

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Скопјанец кој престојувал во прилепското село Крушејца со пушка за која немал дозвола го усмртил кучето на соседот, по што го фрлил надвор од селото, соопшти МВР.

„На 24.05.2021 околу 21.00 часот во Полициската станица Прилеп, Ф.В.(47) од с.Крушејца, прилепско, пријавил дека неговиот сосед П.Т.(61) од Скопје, кој престојувал во с.Крушејца, со огнено оружје го усмртил неговото куче, по што го фрлил на непозната локација во атарот на селото. По извршениот увид биле пронајдени две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В. а потоа го фрлил надвор од населено место. Тој го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка ‘Застава М 72‘, кое го поседувал без дозвола. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video