За прв пат по 3.000 години тасманиски ѓаволи се родија во Австралија


За прв пат по 3.000 години тасманиски ѓаволи се родија на австралиско копно, откако долго време беа истребени. Седумте новороденчиња во резерватот Барингтон во Нов Јужен Велс ја враќаат надежта дека програмата за заштита на овие торбари ќе биде успешна.

Најголемиот преживеан месојаден торбар на светот исчезна од австралиското копно со доаѓањето на дингото, вид на диво куче, и преживеа само на островот Тасманија. Дополнително ги истребил и заразниот фацијален тумор познат како „DFTD“ кој убил околу 90 отсто од популацијата откако е откриен во 1996 година.

Но само неколку месеци откако 26 возрасни единки беа пуштени во резерватот Барингтон како дел од проектот за нивно враќање на австралискиот континент, тасманските ѓаволи успешно се размножија и на свет пристигнаа седум младенчиња.

Во дивината на Тасманија живеат само 25.000 тасмански ѓаволи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи