„Македонска пошта“ преименувана во „Пошта на Северна Македонија“, преименувани и Македонската информативна агенција и ЕЛЕМ


Владата соопшти дека на денешната седница го усвоила извештајот од меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој новиот назив на АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА).

Новото име на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), а новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.

„Во таа насока, се усвои и предлог одлука за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија со која се преименува во Електрани на Република Северна Македонија, АД ЕСМ Скопје“, соопшти Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи