ВИДЕО – „Гентерм“ донираше 6 индустриски машини за перење и сушење и 750 м2 ламинат за детските градинки во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Компанијата „Гентерм“ донираше 6 индустриски машини за перење и сушење и 750 м2 ламинат за детските градинки „Наша Иднина“ во Прилеп. Од оваа компанија денеска рекоа дека децата биле нашата иднина и затоа сакале да донираме токму за нив. Најавуваат и други донации.

„Дојдени сем тука денеска за да видиме и да разгледаме што можеме и како можеме да направиме за градинките во нашиот град и да ја провериме донацијата која ја дадовме во оваа и други градинки во градот. Денеска го проверуваме ламинатот кој го дониравме и машините за перење и сушење. Со нив сакаме да ја зголемиме енергетската ефикасност и да ги намалиме трошоците кои се даваат за потрошувачка на енергија. Нашата стратегија е да донираме за сите градинки, со тоа што минатата година разговаравме на еден состанок со директорот што е потребно за градинките и по кој редослед и по кој приоритет да се донира. Донацијата за градинките е започната уште во 2019 година. Лани со оглед на ситуацијата повеќе бевме фокусирани на донации кон болниците и медицинскиот персонал. Се надеваме дека од оваа година ќе се намали бројот на заболени од Ковид 19 и на тој начин ќе можеме повеќе да се фокусираме кон донирање и помагање на останатите  институции како што се градинките. Децата се нашата иднина и затоа сакаме да донираме за децата“, рече

„Општественио одговорната компанија Гентерм денеска донираше една од најголемите донации во вредност од над 31.000 евра. Тие се состојат во 3 индустриски машини за перење и 3 индустриски машини за сушење. Тие се поставејни во градинките Гоце Делчев, Мирче Ацев, и Тризла. Исто така Гентерм донираше скоро 750 м2 ламинат за градинките, тоа е ламинат колку цел еден шлепер, во вредност од 6.000 евра. Донацијата е во целост спроведена, ќе оди чекор по чекор, сега се наместени првите машини, а потоа ќе бидат наместени и во другите градинки за околу 2 месеци“

Инаку според препораките на Комисијата за заразни болести се зголемува бројот на деца во групите во градинките и наскоро се очекува да се врати онаа бројка од 1.200 деца кои ги посетуваат градинките во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи