Денеска се исплатени субвенциите за тутунот за 2020 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој на сметките на 28.168 субјекти, исплати близу 1,7 милјарди денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски информира дека станува збор за исплата на сите производители кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.

„Средствата се веќе легнати на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистриралните откупни центри: Тутунски комбинат Прилеп, Алијанс, Сокотаб, Пашоски, Секе, Орбита табак, Кавекс Балкан, Мисириан и Бако“, информира Бачовски.

Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа , и 60 денари за трта класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Владата заедно со надлежните институции, и покрај пандемијата заедно со оваа исплата од почеток на годината на сметките на земјоделците исплати близу 3,5 милјарди денари за субвенции по повеќе мерки.

Веста ја објави и министерството за земјоделие:

„Денеска, на сметките на 28.168 тутунопроизводители, исплатени се субвенциите за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година, во износ од близу 1,7 милјарди денари. Почитувани тутунопроизводители, вие тоа го заслужувате, заслужувате уште повеќе“ напишаа на Фејзбук профилот на министерството за земјоделие.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи