Општина Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ покажува елементарно непознавање на законите за тоа како функционира локалната самоуправа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со денешната прес конференција, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп покажа елементарно непознавање на законите кои се однесуваат на функционирањето на локалната самоуправа. Се вели во реакцијата на Општина Прилеп која доаѓа по прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ дека Општина Прилеп неоправдано чувале на сметката на Општината 60 милиони денари.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Имено, да се каже дека, цитираме „СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски неоправдано чувале на сметката на Општина Прилеп 60 милиони денари, или околу 1 милион евра“, е најдобар доказ зошто оваа партија се наоѓа во опозиција и зошто ќе остане таму и во следните 4 години.  

Истовремено, нивната наводна „зачуденост“ по однос на законитоста на одлуката за префрлање на вишокот на средства од сметката за блок дотации, на сметката на основниот буџет на Општина Прилеп, во најмала рака е лицемерна, од причина што на вчерашната седница на општинскиот Совет, нивните советници не гласаа “против“ предлог-одлуката.

Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ не разбрале за што гласаат и со тоа лажно ги информирале и ги довеле во заблуда своите сопартијци, во оваа прилика ќе им појасниме дека на вчерашната 56 седница, Советот на општина Прилеп донесе одлука за префрлање на вишокот на средства од сметката за блок дотации, на сметката на основниот буџет на Општина Прилеп за 2021 година. Станува збор за наменски средства, кои беа предвидени за превоз на ученици и за загревање на училиштата за минатата 2020 година, кои заради пандемијата на ковид-19, останаа неискористени.

Она што е подеднакво важно, е дека одлуката е донесена врз основа на член 22 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за користење на вишокот средства од сметките за блок дотации од буџетот на државата.

Од периодот на донесувањето на Законот па до денес, вакви одлуки за префрлање на вишокот средства од сметката за блок дотации, донесле Советите на дваесетина Општини во Република Северна Македонија“, велат од Општина Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи