Петкоски: Дали СДСМ и Јованоски на сметката на Општина Прилеп неоправдано чувале 1 милион евра?


СДСМ на чело со градоначалникот Илија Јованоски со последната одлука со која извршија пренамена на средства во буџетот на општина Прилеп, покажаа дека немаат ниту идеи, ниту проекти со кои ќе ги подобрат состојбите во основното и средното образование и заштитата на децата. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„За СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски најважно е да се спроведе крајно штетниот проект за дигитализација на учебниците, отколку да реализираат проекти со кои ќе се подобрат условите за учење на децата.

Дали оваа одлука со која се врши пренамена на парични средства кои се наменети за финансирање на проекти во основното и средното образование и детските градинки е законска?

Овие средства сега треба да се искористат за реализирање на проекти за кои СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски конечно се сетиле дека им ги ветиле на граѓаните, и сега неколку месеци пред нивното заминување сакаат да ги остварат. Впрочем ваквиот стил на работа е карактеристика на СДСМ.!

Дали СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, во најмала рака кажано, неоправдано чувале на сметката на општина Прилеп околу 60.000.000 денари (или околу 1 милион евра)? Зошто не ги искористиле во интерес на граѓаните?

Ова покажува дека не се грижат за интересите на граѓани, ниту пак за стопанството. Доколку овие пари беа наменски искористени, досега ќе биле исплатени кон стопанството (затоа што ќе се ангажираа фирми да решат проблеми во училиштата и градинките) фирми, што ќе им исплаќаа плати на вработените.

Ова злосторство има уште поголема тежина затоа што во време на пандемија, кога цело прилепско стопанство се соочува со недостиг на ликвидност, кога дел од работниците ги изгубија своите работни места, а дел не примија редовно плата или примија помала плата, СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски чувале на сметката на општина Прилеп околу еден милион евра?

ВМРО ДПМНЕ крајно жестоко ја осудува оваа постапка на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски. Кратење на пари за намени за кои се потребни многу повеќе вложувања, е неодговорно однесување за кое се одговара. Првата одговорност – политичката, ќе следи за брзо време. Потоа секој кој се огрешил пред законот, ќе се соочи и со кривична одговорност“, вели Петкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи