Адмистрацијата прво на годишен одмор, па на работа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од 1 јуни се очекува јавната администрација да се врати на работните места. Поголемиот дел од државните институциите веќе работат во полн состав и полно работно време, а дека е време сите административци да се вратат на работа смета и заменик-министерот за здравство Илир Хасани, но со напомена дека не треба да се брза и идејата му е тие да ги користат годишните одмори за да не се вратат сите одеднаш.

„Мислам дека е време, полека да се вратат сите административци на работа. Идејата е поради пандемијата да се користат годишните одмори. Министерството за здравство дозволи да се користат годишните одмори од страна на вработените особено во здравството, така што враќањето треба да се одвива бавно, да не биде нагло. Мерките ќе бидат апсолутно контролирани од Министерството за здравство“, изјави Хасани на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци на 27 мај.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи