Има уште 5 илјади вакцини за прва доза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во моментов има уште 5.000 вакцини наменети за граѓани кои треба да ја примат првата доза. Останатите, како што кажа министерот Венко Филипче, се наменети за ревакцинација која се врши во сите пунктови низ земјава.

Оваа недела се очекува да стигнат донации од Бугарија и Грција, со што би имало доволно количини за да продолжи масовната вакцинација, со оглед на тоа дека кинеските на „Синовак“ не се знае кога ќе стасаат.

„Секој понеделник стигнуваат нови количини на „Фајзер“, а неделава очекуваме 50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 Грција, кои најверојатно ќе бидат од  „АстраЗенека“. Немаме точен датум кога ќе стасаат 500.000 вакцини од „Синовак“ кои беа најавени од производителот за почетокот на јуни“, кажа Филипче на воената вежба „Олучен удар 21“ која се одржува на Криволак.

Досега во земјава вкупно се аплицирани 315.781 вакцини, со прва доза се вакцинирани 234.508 граѓани, а ревакцинирани 81.273. Со последните бројки, барем една доза вакцина има примено 47 % од пријавеното население над 70 години и 41 % од пријавените над 65 години.

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 431.770 граѓани.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video