СКМ: Недостигаат келнери, рецепционери, готвачи – ќе се прават обуки за потребите на туристичкиот сектор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На компаниите од угостителството и туризмот им недостига 50 проценти од потребниот кадар, пред се келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета што ја спроведе Стопанската комора.

Во 2020 година, според Комората, овој сектор доживеа целосен крах и во првите месеци од годинава се  уште има застој. Најголем дел од кадарот поради неизвесноста се прелеал во секторите транспорт и градежништво. Сега Комората преку брзи преквалификации ќе се обиде да обезбеди работници со цел да се спаси претстојната туристичка сезона. Обуките се за преквалификација или доквалификација и ќе вклучуваат 50 до 100 лица (една обука).

„Ковид пандемијата ги измени досегашните потреби во угостителската дејност за составот на работниот кадар кој им е потребен во процесот на работењето. Предизвикот на отворање нови работни места дефинитивно е заменет со предизвикот како да се задржат постојните и евентуално да се пополнат испразнетите места со соодветен кадар“, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на денешната прес-конференција.

Според претседателката на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора Ана Таневска Ѓорѓиевска, голем број на угостителски капацитети беа затворени, а падот на прометот во оние места кои не се туристички центри изнесуваше и до 85%.

„Искуството и праксата велат дека секоја загуба на вработен значи три нови години за замена на постојниот работник и креирање на нов кадар. Поддршката од Владата е потребна не да се заработи, туку за да не пропаднат компаниите од секторот кои и кога немаа доволна активност задржаа голем дел од вработените. Иако е одредена поддршка со петтиот пакет, таа се уште не е реализирана, а особено им е потребна пред почетокот на новата туристичка сезона“, рече Таневска Ѓорѓиевска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи