Справување со предизвиците за време на пандемија 20 – 21

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Започнувајќи со пандемија, 2020 година беше година на неизвесност во која и светските развиени економии се соочија со својата неспремност да се справат со предизвиците на кои и никогаш не помислиле дека ќе се случат. Така и нашето општество, влезе во тунел во кој не се гледа крајот, делувајќи во исклучително тешки услови за да се одговори на предизвикот, да се задоволат потребите на сите негови чинители, а да се внимава на најранливата категорија во него, т.е. децата и младите. Во ваквото опкружување Коалиција СЕГА мораше да работи понапорно од кога било за да ги слушне гласовите на младите особено онаму каде е тоа најважно.

Здравствената криза брзо стана економска и социјална, со што многумина се прашуваа дали пандемијата ќе донесе повеќе жртви или претстојниот економски пад. Додека вирусот можеби немаше влијание врз здравјето на младите како и другите групи, пандемијата го наруши нашето образование, влијаеше на нашите работни места и извори за приход и ја стави во ризик нашата целокупна благосостојба. За нас како организација, тоа беше исто така година на предизвици, промени, планирања и раст. Во текот на целата 2020 година останавме посветени да бараме решенија и брзо да се адаптираме на новите промени и актуелни трендови. Фокусот на работа го ставивме на обезбедување на поддршка на ранливите и маргинализираните групи млади, информирањето и дигиталното учење и учество на младите.

Водени од новите предизвици пристапивме во усовршување на Европската алатка за дигитално учество OPIN која во новите трендови ќе го подобри дигиталното учество на младите при креирањето на политики и работевме на подготовка на прирачник кој ќе им помогне на младинските организации во дигитализација на младинската работа.

Пред да започне пандемијата подготвивме „Алтернативен извештај за спроведување на Конвенцијата за правата на детето“ и го доставивме до Комитетот за Правата на Детето при Обединетите Нации во кој ги адресиравме главните грижи околу спроведувањето на овој меѓународно ратификуван документ кај нас, со цел да влијаеме на обезбедување на детските права и да создадеме околина во која детскиот/ученичкиот глас ќе биде слушнат.

И во услови на пандемија работиме напорно и посветено за да ја поддржиме креативноста на младите и да им дадеме импулс и енергија на институциите, барајќи соодветни пристапи за да обезбедиме поддршка за вработување на младите во социјален ризик односно на младите Роми и младите во НЕЕТ (група која не е во образование, не е вработена и не е во процес на обука). Применивме нови пристапи во поддршка на вработливоста на младите (во партнерство со Програмата на Обединетите нации и поддршка на Швајцарската агенција за соработка) адаптирајќи ја Шпанската методологијата АКСЕДЕР на локално ниво овозможувајќи на младите Роми да ги развијат своите вештини за вработливост и побрзо стигнување до вработување.

Подготвени сме и остануваме посветени да го предводиме патот, да го поддржуваме младинскиот развој и да им помагаме на институциите да ги надминат сите предизвици со кои се соочивме и оваа година.

Автор: Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video