УНЕСКО со критики на 125 страници: Охридското Езеро станува наследство во опасност

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Втора препорака охридскиот регион да биде ставен на листата на светско наследство во опасност адресира УНЕСКО и во најновиот извештај изработен врз база на мониторингот кој реактивната мисија го направи во јануари минатата година.

„Мисијата заклучува дека активностите зададени во 2017 не се исполнети како би се надминале ранливоста и заканите кои беа идентификувани, постепената ерозија на атрибутите не беше сопрена, се појавуваат нови проекти и планови кои го загрозуваат доброто и дојдовме до сознанија за нови закани. Евидентно е дека, како резулат на значителни проблеми со управувањето и слаба имплементација на законите, доброто е со висок степен на ранливост. Сето тоа доведе до нессодветни интервенции, негативни ефекти врз градското планирање, предлози за проекти од големи размери што резултира во сериозно влошување на состојбата на урбаниот, руралниот и природниот пејзаж и клучните атрибути на исклучителната универзална вредност (ИУВ). Со тоа, доброто (Светското наследство на Охридскиот Регион) ги исполни условите за впишување на Листата на светско наследство во опасност” – стои во најновиот извештајот на УНЕСКО.

Критики упатуваат и од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“.

„Пред две години од Баку, властите, државни и локални, се пофалија дека го спасија светското наследство, но наместо тоа на терен само ги манифестираа(т) своите алчни коруптивни апетити за грабање и ништење. Ова скапо купено време го платија со плус две години деградација на Охридското Езеро, Галичица, брегот, живиот свет… Конечно, маските се симнати и можеме да го видиме вистинското лице на носителите на јавни функции. Центарот за светско наследство констатира дека „постоечките и планирани модификации и урбанизацијата ја интензивираат и онака ранливата состојба (на регионот) кон точката од кадешто нема враќање“ – пишуваат од Охрид СОС.

Пописот на дивоградбите е чекор напред, но рушењето на бесправно изградените објекти се одвива премногу бавно, особено во Македонија, се наведува во извештајот во кој се бара да се забрза рушењето на терасите изградени на брегот на Охридското Езеро кои на места навлегуваат и во езерските води. Вакви појави се забележани не само во Охрид, туку и во Струга, каде како пример се посочува Радожда, со најголем број на изградени ресторани на крајбрежјето.

„Овојпат, заедно со Албанија го заслуживме истото, бидејќи носителите на власта и нивните прислужници по институциите, во дружба со крупните бизниси, бескрупулозно и насилно, во континуитет чинеа злодело кон едно од настарите езера на планетата Земја, го запустија наследството, ги нагрдија градовите, ја разграбаа земјата“, велат од невладината организација Охрид СОС.

Според нив, за овие четири години, од претходниот извештај на Реактивната мониторинг мисија во 2017 видовме процеси со динамика еден напред-три назад, шоу со „рушење дивоградби“, план за управување кој се сведе на одредување број на катови, процеси на заштита кои се саботираа.

Локалната власт пак останува на ставот дека работи интензивно на спроведување на препораките на УНЕСКО и дека евентуалното ставање на листата на наследство во опасност не е национална трагедија. Уривањето на дивоградбите на плажите е доказ дека се работи на имплементација на Планот за управување со регионот потенциираат од општина Охрид.

Во Националниот парк „Галичица”, кој е и под заштита на УНЕСКО, евидентирани се 2.321 објекти за кои тече постапката за легализација. Во Охрид на 50 метри од брегот се евидентирани 414 дивоградби. Од 15-те илјади барања за легализација до општина Охрид доставени пред две години – 11.000 биле се семејни куќи, 420 згради и 28 хотели.

Во Струга, пак, вкупниот број на поднесени барања за легализација е 10.639. Одбиени, некомплетни без елаборат се 4.470. Решени се 3.127 предмети. Во постапка се 3.038. Од тие 3.038, 65 објекти се на 50 метри од езерото. Од нив половината се одбиени.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video