Вселенски отпад ја погодил и оштетил Меѓународната вселенска станица


Парчиња вселенски отпад што биле премали за да се следат од безбедносните системи ја погодиле Меѓународната вселенска станица (ISS) и ја оштетиле нејзината роботска рака наречена Канадарм2.

За среќа, инструментот е сè уште функционален, но пробиена е неговата термичка заштита и оштетени се некои од компонентите.

Вселенските агенции и научната заедница веќе извесно време предупредуваат на проблемот со отпадот во вселената (остатоци од претходни мисии и сателити), наведувајќи дека станува збор за темпирана бомба. Експертите следат повеќе од 23.000 парчиња поголеми од тениско топче за да се избегне судир меѓу нив и Меѓународната вселенска станица или некој сателит.

„Помалите објекти е невозможно да се следат, но тоа не значи дека не можат да предизвикаат значителна штета на активните мисии во орбитата на Земјата“, пишува „Сајнс алерт“.

Канадарм2 (SSRMS), дизајнирана од Канадската вселенска агенција (CSA), е дел од Меѓународната вселенска станица цели 20 години. Станува збор за роботска титаниумска рака што служи за одржување на станицата и за помош при маневрирање предмети надвор од неа, како товарни бродови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи