Роверот Кјуриосити фотографира облаци на Марс


Иако последните фотографии испратени од Кјуриосити до матичната планета потсетуваат на разгледници од Земјата, тоа е нешто далеку поегзотично: облаци од Марс.

Конечната слика е создадена со комбинирање на 21 фотографија, направени за да ги разгледаме одблизу необичните облаци над областа на кратерот Гале. Пред две години, научниците открија дека облаците се формираат на Марс порано од предвиденото, па затоа годинава на Кјуриосити им беше дадена задача да ги „набљудуваат“

„Првите облаци се појавија во јануари, пругасти и богати со мраз, понекогаш менувајќи ги боите различно од нивните роднини на Земјата“, пишува PC Press.

Марсовите облаци на тој начин се сменија од црвени нијанси во зелена, потоа сина и розова. Овие облаци се наоѓаат во повисоките делови на атмосферата од оние забележани досега. Тие наводно содржат замрзнат јаглерод диоксид или таканаречен „сув мраз“, иако научниците сè уште не успеале да го потврдат тоа. Тие се најубави веднаш по зајдисонцето, кога ледените кристали светат на последното светло.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи