ВИДЕО – Европските фирми полека ќе се селат од Кина назад во Европа, дали тоа ќе го искористи Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Извозно ориентираните компании за време на пандемијата во Прилеп не испуштиле работници и не го намалиле извозот. Клучно за ова, според компаниите, особено кај оние од текстилната индустрија, било тоа што за време пандемијата се преструктуирале изработувајќи маски, скафандери и друга заштитна опрема за да сега се вратат полека на старото производство. Според бизнисмените сега било шанса Македонија да привлече странски инвеститори, затоа што големиот број фирми ги повлекувале капацитетите од Кина, но можело да се очекува и зголемување на цените на голем број производи.

„Транспортниот трошок од Кина е зголемен за околу 400 проценти. И затоа европските добавувачи и купувачи се насочуваат кон самите себе, односно кон Европа, така што мислам дека се почесто во наредниот период сите европски фирми ќе гледаат базните индустрии да ги донесат назад во Европа, да не зависат од надворешни компании бидејќи уште еден ваков бран ќе биде прилично тежок и мислам дека голем дел компании нема да можат да го издржат. На Балканот ова ќе значи и зголемување на одредени цени, пред се поради недостаток на одредени репроматеријали и поради зголемени цени на производите или артиклите кои доаѓаат од Кина“, изјави Филип Велески, менаџер за продажба во текстилна компанија.

За да во следниот период се презентираат извозно ориентираните компании од Македонија во странство, во Прилеп се одржа средба на стопанствениците со претставници на МНР, на која се претставија прилепските капацитети, кои понатаму ќе бидат составен дел од работната агенда на економските советници и промотори на МНР.

„Ова беше прва средба, нема тука да застанеме, заедно со извршниот директор на Регионалната стопанска комора ќе направиме максимално да ги промовираме нашите производи, особено на Експото и се надеваме дека идната година овој временски период ќе сносиме со плод од нивните ангажмани“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора.

 „Имаме доста стопански субјекти и наши производи од нашиот град, пред се од прехрамбената ииндустрија, тутунската индустрија, мермерот, гранитот, имаме доволно извозни капацитети за да се претставииме во овие земји“, додаде градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Вакви средби за запознавање со локалните извозно ориентирани компании МНР треба да одржи во 15 градови во Македонија.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video