Одбележан Светскиот ден на детето: Неколку деца излекувани со помош на посебни апарати за механичка вентилација од Словачка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Посебни апарати за механичка вентилација, кои досега ги немаше во земјава, донираше амбасадата на Словачка. Веќе неколку деца се излекувани благодарение на имплементација тој тип вентилација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на одбележувањето на Светскиот ден на детето во дворот на Универзитетската клиника за детски болести – Скопје.

„Целта на овој настан е да сумираме што е направено досега, кои се нашите планови за понатаму. Клиниката за детски болести е највисоката, врвна во хиерархија институција за лекување на детски болести, каде со години наназад работат врвни експерти, професори во различни области. Секоја од тие области посебно напредува и ги следи сите трендови. Како Министерство за здравство даваме поддршка за да се забрзаат сите тие процеси на напредок. Се реновираа бројни одделенија како што се одделението за интензивна нега, одделението за неонатаологија, хематоонкологија, а сега во тек е целосното инфраструктурно обновување на одделението за онкологија каде се лекуваат најтешко болните деца“, рече Филипче.

Потенцира дека воведуваат нова терапија како таа за дел од децата болни од цистична фиброза кај кои има индикација за лекот „Калидеко“, кој, како што појасни, веќе дава одлични резултати, а дел од децата кој го примаат веќе повеќе недели не се јавени во болница заради тоа што има одлично дејство.

„Напредува и процесот на трансплантација. Изминатите две години трансплантирани со алогена трансплантација деца од 16 години во соработка со Клиниката за детски болести и Клиниката за хематологија. Тоа беа деца кои дотогаш се упатуваа на лекување во странство. Лекувањето на 90 деца кои се постковид симптоматологија е многу успешно и верувам тоа ќе биде поттик сите колеги да работат уште повеќе и да ги следиме трендовите од светот“, додаде Филипче.

Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш рече дека вентилаторите ги обезбедиле само за државава, тие се со светски квалитет и еден вреди 25 000 евра. Посочи дека ги изработила словачка фирма, а ги донеле преку НАТО фондација.

Доктор Апасизја Софијанова, директорка на Клиниката истакна дека честувањето на Меѓународниот ден на детето значи насмевка на детето, а тоа што тие треба да го дадат како краен производ кај децата кои болни доаѓаат на Клиниката треба да биде насмевката нивна и на нивните семејства.

„Сакаме да ја направиме Универзитетската клиника за детски болести регионален центар за лекување на сите болести, а особено на специфичните. Специфичната улога на лекувањето на децата ќе биде одделот за интензивна нега и терапија, останатите одделенија каде се лекуваат ретки болести, пост ковид одделенијата со кои покажавме дека и оваа држава успешно се справува со оваа пандемија. Верувам дека и останатите амбасади ќе го имаат овој слух во нас да препознаат партнер“;, изјави доктор Софијанова.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video