Повеќе од 600 деца сместени во згрижувачки семејства, МТСП отвора центри за нивна поддршка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Повеќе од 400 деца се вдомени во 287 згрижувачки семејства како  хуман облик на грижа за децата кои беа сместени во институции. Има и 79 роднински згрижувачки семејства во кои се сместени 207 деца. Згрижувачките семејства се внесени во системот на социјална заштита во новиот Закон за социјална заштита од 2019 година.

По повод  Меѓународниот ден на згрижувачките семејства и Денот на заштита на децата, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посети домот на Ана и Сашо Илиоски во скопската населба Лисиче кои пред три години згрижиле двегодишно дете.

Шахпаска изјави дека во државата има многу вакви хумани луѓе кои, како што рече, даваат многу љубов преку толеранција, поддршка и безмерна и постојана грижа за здравјето на децата.

„Сакам да изразам огромна благодарност од страна на Министерството за труд и социјална политика и од Владата за бескрајната грижа што згрижувачките семејства им ја даваат на овие дечиња како облик кој е најблизок до нивните биолошки семејства. Пример е ова семејство што денеска го посетивме во кое благородните родители пред три години згржиле едно детенеце кое имало отстапување во својот развој. За нецели три години тоа постигна вонредни резултати во својот развој, изразување на емоциите во јасен, разбирлив говор. Детенцето рамноправно со неговите другарчиња присуствува во градинка и со  поддршка на логопед и психолог успева да ги надмине предизвиците во неговиот развој. Тоа кажува дека начинот на кој државата воспоставила механизам за грижата на децата преку згрижувачките семејства ги дава вистинските резултати“, изјави Шахпаска.

Сашо Илиоски, здрижувач на сега петгодишното дете, чиј дом го посети министерката Шахпаска, изјави дека со неговата сопруга пред три години одлучиле да згрижат дете зашто немаат биолошки деца. Рече дека детето  е добро социјализирано, се дружи со други деца, говорот му станува сè побогат со зборови и сега веќе во реченици.

„Ова беше отворање мала врата да стигнеме до детенце. Со нашата грижа ја даваме целата љубов кон него, како да е наше дете, и по три години откако го згриживме ги гледаме резултатите и сме наградени од таа наша работа и љубов. Гледаме дека моментите што на почетокот беа невозмони, сега се можни и остварливи. Работата е едноставна, човек само треба да даде љубов и да биде трпелив. Благодарен сум за шансата да можеме да згрижиме дете, да осетиме моментот на родителска грижа, тоа што фалеше кај нас, да можеме да ги пренесеме кај детенцето и да го израснеме во позитивна личност“, изјави Илиоски.

Со новиот Закон за социјална заштита, Министерството за труд и социјална политика воспоставува центри за  поддршка на згрижувачките семејства.

Шахпаска соопшти дека наскоро ќе бидат отворени два – регионален во Битола и нов во Скопје – во просториите на Домот „11 Октомври“.

Целта на овие центри е да ги поддржат, подготват и обучат згрижувачките семејства коишто треба да влезат во системот како згрижувачи, а оние семејства кои веќе се во овој систем ќе добиваат дополнителна поддршка во процесот на грижата за децата кои се во нивните домови. 

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video