Синдикатите се против поскапувањето на струјата – струјата не е луксуз, туку е потреба

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Зголемувањето на цената на електричната енергија во време на финансиска криза предизвикана од пандемија, кога голем број работници ги загубија своите работни места, само дополнително ќе ја влоши целата ситуација, велат дел од синдикатите.

„Користењето на електричната енергија, на водата, не претставува луксуз. Тоа е потреба на граѓаните и затоа државата, регулаторот, добро треба да размислат пред да носат какви било одлуки. Државата да посвети повеќе внимание на тоа како се трошат парите од јавните претпријатија. Ако се дозволи да има поскапување за струјата мислам дека револтот на граѓаните ќе биде голем, а тоа не ја исклучува можноста од протести“, вели за Денар Маријан Ристевски од КСОМ.

Од Владата посочија дека не очекуваат да има поскапување на струјата. Околу предлогот од Регулаторната комисија за енергетика да се намали ДДВ за струја од 18 на 5 % посочија дека треба да се направат анализи и калкулации за да се види влијанието на мерката врз буџетот. Според анализите на Регулаторна, ако се прифати мерката, приходите во буџетот би биле помали од  28 до 29 милиони евра.

Енергетските компании минатата недела ги доставија своите пресметки на трошоци и барања до РКЕ. Ако Регулаторна одлучи да ги прифати сите нивни барања трошокот за струја за сметка од 1.000 денари ќе се зголеми за 50 денари или зголемувањето ќе биде за 5 %.

Лани струјата поскапе за 7, 4 % на барање на државните енергетски компании.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video