Уште една хуманитарна акција на ЦГИ во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 28.05.2021 беше организирана уште една хуманитарна активност во Прилеп од страна на ЦГИ на која се поделија 80 хуманитарни пакети со храна кои беа добиени како помош преку проект на здружението „Храна за сите“ од Скопје, финансиран од Европската унија и други фондации. Преку проектот „WSS Effect“ се поделуваат по 80 пакети со храна, дезинфекциони средства и заштитни маски во секоја општина. Пакетите се делат на социјално-економски загрозени лица, особено оние кои што се најмногу погодени од COVID-19 кризата.“

„Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп продолжува со спроведување на хуманитарните акции. На 80 семејства од Прилеп се доделуваат пакети со храна, средства за дезинфекција и заштитни маски. Донацијата е финансирана од Здружение за поддршка и помош на социјално исклучени и сиромашни лица „Храна за сите – БХМ“ Скопје во рамките на проектот ВСС Ефект – зајакнување на капацитетите и подобрување на надлежностите за вистинско ублажување на (со храна) сиромаштија“ поддржан од Европска Унија, донација наменета за наши сограѓани, фамилии кои живеат во социјален ризик“, истакна Талија Петреска, претставник на Центарот за граѓанска иницијатива.

 


Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video