„Европско првенство во фудбал 2020“ нова поштенска марка


Македонија на 13 јуни против Австрија во Букурешт го игра дебитантскиот натпревар на големите европски натпреварувања.

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Македонија.

На промоцијата, која се одржа во просториите на Дирекцијата на АД „Пошта на Македонија“ – Скопје, генералниот директор Јани Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да се заблагодарат на репрезентатиците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, порача дека нашите фудбалски херои го заслужуваат ваквиот гест и поштенска марка во нивна чест.

„Се надевам дека до почетокот на отворањето на ЕП ќе собереме сили што повеќе граѓани да присуствуваат на трибините во Букурешт. Како спортист знам дека не е исто, да се игра со полни и пред празни трибини“, изјави Мојсоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи