Филипче: Нема точен датум кога вакцините „Спутник“ и „Синовак“ ќе пристигнат во Македонија


Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека за вакцините „Спутник“ и „Синовак“ нема точен датум кога ќе пристигнат во државата.

Филипче вели дека имал разговор со рускиот амбасадор кој требал да искомуницира со Институтот од Москва и да даде повратна информација во однос на испораката на вакцините, а додека пак вакцините „Синовак“ се очекува да пристигнат првите десет дена од јуни.

Според него, имунизацијата нема да запре бидејќи пристигнаа одредени количини на „Фајзер“, а во текот на неделата се очекуваат донациите на вакцини од Бугарија и Грција, вкупно 70 илјади вакцини. Имајќи предвид дека овие 70 илјади најавени вакцини ќе бидат „АстраЗенека“, Филипче велат дека нема да останат неискористени, бидејќи се уште голем дел од популацијата над 60 години не е вакцинирана.

„Имаме 42 проценти од вкупната популација над 65 години пријавени и вакцинирани но со кампањата, очекувам поголем број на пријавени. Препораките и ставовите не ги креираме според тоа кој како ќе се вакцинира според расположливоста на вакцините, туку според стручни препораки,“ вели Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи