360 степени: Откуп на Кембриџ учебници – повисоки цени за државата, пониски во книжарница

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Дел од учебниците во основното образование биле продавани на државата по далеку повисока цена од таа за која истите учебници можат да се купат од книжарниците на издавачките куќи, се открива во сторијата на „360 Степени“.

Учебникот  по Математика за осмо одделение од „Арс Ламина“, на веб страницата на издавачката куќа се продавал по цена од 623 денари, а државата минатата година го платила 892 денари без ДДВ.

Откако новинарите контактирале со издавачката куќа, неколку часа подоцна цените на веб страницата и во книжарниците за учебникот поскапеле и се приближиле до цената по која минатата година им биле продавани учебниците на државата. Исто така, забележани се големи разлики во цените во неколку години. На пример, учебникот по Математика за осмо одделение од „Арс Ламина“ во 2016 државата го купила за 712 денари. Цената се намалила во 2018, за во 2020 пораснала на речиси 900 денари откупна цена. Учебникот по биологија за осмо одделение од „Арбериа Дизајн“ пак, во 2016 чинел 712 денари, а лани откупната цена била речиси 1.000 денари.

Целата истражувачка сторија на „360 Степени“ погледнете ја во видеото што следува:


Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video