ВИДЕО – Светскиот шампион во планински велосипедизам ќе трасира патеки во Крушево, градот добива и адреналински парк

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Крушево полека, но сигурно станува атрактивна вело дестинација. Природните ресурси, шумите и планините нудат одлични можности за развој на планинскиот велосипедизам. За оваа цел во Крушево тим од Швајцарски експерти предводени од светскиот шампион во планински велосипедизам Ралф Неф, неделава се во Крушево со цел да направат анализа и план за градење на велосипедски патеки.

Иницијативата за изготвување на  велосипедски патеки по меѓународни стандарди за планински велосипедизам е на Ски центарот Панорама со цел дополнување на постоечката туристичката понуда и промоција на активниот туризам во Крушево. Проектот се реализира со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Светскиот шампион Ралф Неф истакна дека е воодушевен од Крушево и потенцираше дека овој регион нуди извонредни можности за развој на овој вид на спорт. Заедно со него е и Лукас Хојслер кој ќе биде одговорен за градењето и вело патеките во Крушево. Инаку Хојслер е творецот на голем број вакви стази во Швајцарија, Австрија, Јапонија, Арапските Емирати, Либан и други земји. Се очекува првите стази да бидат готови во август.

„Морам да напоменам дека јас имам патувано низ целиот свет и имам посетено многу вакви места кои се нудат како атрактивни за планински велосипедизам, и обично не сум толку воодушевен, но тука во Крушево видов дека условите се прекрасни, природата е прекрасна. Лукас вчера не можеше да заспие поради сите можности кои допрва треба да се реализираат. Многу сум задоволен и тоа што има голема заедница на велосипедисти кои се доста активни. Мислам дека веднаш треба да се започне со работа, барем со почетнички стази кои ќе бидат наменети за почетници или за семејства. Можностите се неограничени. Тука има секакви терени, рамни, стрмни, така што потребно е час поскоро да се започне со патеките, барем тука околу ресторанот, да има луѓе, посетители. Колку повеќе ќе има луѓе, толку повеќе самото тоа ќе си донесе да се градат нови патеки“, истакна Ралф Неф, светски шампион во планински велосипедизам.

Паралелно со овие атрактивни велосипедски патеки за планински велосидизам Крушево за околу еден месец ќе добие и адреналински парк и зип лајн како дополнување на содржините кои овој град ќе ги нуди на туристите. Целта е овој парк да стане главната атракција ова лето во највискиот град на Балканот.

Зип лајнот кој го изработува нашиот бугарски партнер е веќе во финална фаза. Се заврши поставувањето на детскиот парк, заврши и поставувањето на триите стази на адреналин паркот. Значи останува само уште да се доврши зип лајнот, а тоа го очекуваме до крајот на овој месец, по што повторно ќе ве повикаме тука свечено да го отвориме. Тоа што треба да се потенцира е што е битно за сите е дека бугарската компанија која го изработува адреналинскиот парк, ги поседува сите меѓународни сертификати за изработка на такви видови на паркови. И второ нема да оставиме само тие да ја потврдат безбедноста на паркот, туку словенечка компанија ќе дојде да го сертифицира и да даде на сигурноста кои ги има овој парк. Комплетно се посветуваме на максимална безбедност. Плус од ова имаме уште и троколки. За прв пат во Крушево во лето работи и жичарницата и ски лифтот, ски лифтот се користи за влечење на троколките кои ја користат стазата за спуштање до самиот ресторан. Работиме и на тоа да оформиме и други патеки за троколките и за велосипедите“, потенцираше Кочо Стојчески, сопственик на Панорама Хотел.

Инаку програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ е имплементирана со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. А целта на оваа програма е да обезбеди поддршка за подобрување на конкурентноста во три сектори: активен туризам, одржлив агробизнис и ИКТ секторот.

„Јас сум тука да и посакам добредојде на швајцарската делегација составена од вело експерти. Крушево нуди одлични услови за развој на планинскиот велосипедизам. Ние досега го познававме Крушево како параглајдинг детсинација и Швајцарија го поддржуваше овој сектор, а сега планинскиот велосипедизам е новиот спорт кој е во подем насекаде во светот, особено во време на пандемијата. Знаеме дека пандемијата создаде предизвици не само тука, туку и низ целиот свет, но најважно е да се обезбеди сигурноста на гостите во таквите услови. Затоа го поддржавме и спроведувањето на „Знакот за безбеден туризам“, бренд кој што на туристите ќе им ги означува безбедните места за туризам“, истакна Сибил Зутер, амбасадорот на Швајцарија во Македонија

Во Крушево на овој настан присуствуваа и голем број претставници на вело заедницата од цела Македонија.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video