„Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“ – креативна акција за вакцинација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп, заедно со партнерските организациии тоа: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), Национален Ромски Центар (Куманово), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во Општина Прилеп спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста за потребата за вакцинација за заштита од КОВИД-19.

Акцијата се одржа денес, 2 јуни 2021 година на плоштад Александрија – Камена бина во Прилеп, со почеток од 10:00 часот. Целта на акцијата беше информирање и подигнување на свесноста на пошироката јавност во однос на вакцинацијата за заштита од КОВИД-19, како и давање на практична помош на граѓаните да се регистрираат во онлајн системот vakcinacija.mk.

Оваа креативна акција е главна, а од неа се очекува да произлезат помали акции во одредени населени места и тоа: ромската населба – Тризла во општина Прилеп, како и руралните места во кои граѓаните имаат потреба од дигитална поддршка за обезбедување термин за вакцинација, како и дополнителни вистинити информации преку кои би се ослободиле од лажните вести поврзани со вакцинацијата кои постојано се шират по социјалните мрежи. Со оглед на фактот што во Прилеп и околните рурални места живеат голем број граѓани кои со соочуваат со различни економски, социјални и географски бариери, како и поради фактот што постојат голем број дигитално неписмени луѓе, вестите и соопштенијата кои Владата на РСМ ги објавува во врска со вакцинацијата за заштита од КОВИД-19 не можат да допрат до пошироките народни маси кои се оневозможени да се информираат, да се пријават и да се вакцинираат.

Перформансот се состоеше од креативно изработен симбол од корoна вирусот и шприц во голем формат посветен на вакцината за заштита од КОВИД-19, се споделуваа информации во врска со имунизацијата преку дистрибуција на малечки картонски симболични шишенца со вакцини кои треба да ги добијат граѓаните што поскоро и што помасовно како би се обезбедил колективен имунитет. Исто така, беше отворен и штанд на кој граѓаните имаа можност да се информираат и да се пријават за вакцинација, во истиот момент.

Во изминатиот период во услови на здравствена криза и светската пандемија поради КОВИД-19, маргинализираните групи на граѓани се соочуваат со дополнитени предизвици, особено поради недостапноста на вакцините против КОВИД-19 до овие групи на граѓани, кои немаат финансиски средства да патуваат до друг град, со оглед на фактот што во нашиот град не можат да примат друга вакцина, освен Астразенека. И покрај фактот што пред 7 дена, во Прилеп се отвори и првиот вакцинален пункт, во моментов се аплицираат единствено вакцините на производителот Астразенека кои се наменети за граѓани над 60 годишна возраст, а останатите граѓани се приморани да патуваат до Битола за да примат вакцина од друг производител што ги изложува на дополнителни трошоци кои не се во можност да ги покријат.

Преку спроведување на оваа активност се очекува зголемување на бројот на пријавени граѓани за вакцинација што ќе доведе до масовна имунизација и создавање на колективен имунитет кај населението во Република Северна Македонија кое дополнително ќе придонесе за олабавување на заштитните мерки кои често претставуваат терет за граѓаните кои не можат да си дозволат континуирано почитување на истите поради економската или социјалната состојба во која се наоѓаат.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video