На денешен ден во 1953 била крунисана кралицата Елизабета Втора

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На денешен ден 2 јуни во 1953, Елизабета Втора беше крунисана за кралица на Обединетото кралство во Вестминистерската опатија по ненајдената смрт на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.

Кралицата Елизабета Втора е монарх со најдолго владеење во Велика Британија, соборувајќи го рекордот на кралицата Викторија која владеела повеќе од 63 години.

Елизабета II (англ. Elizabeth II) цело име: Елизабета Александра Мери Виндзор (р. 21 април 1926) — кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт. Според Вестминстерскиот статут од 1931 г., таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, нејзиното најстаро кралство, во кое нејзините предци владееле повеќе од 1000 години. Стапила на престолот во 1952 г.

Покрај Обединетото Кралство, Елизабета II е и Кралица и на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, Барбадос, Бахамите, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонски Острови, Тувалу, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Антигва и Барбуда, Белиз и Сент Китс и Невис. Во секоја од овие држави, таа е претставена од Генерален гувернер. 16 земји во кои таа е кралица се познати како кралства на Комонвелтот. Нивното вкупно население брои 129 милиони жители. Теоретски, нејзината моќ е огромна, но во пракса и според конвенциите, таа лично никогаш не се впушта во политички прашања. Сепак, особено во Велика Британија, позната е по тоа дека е активна во кулоарската политика и во работите на државата, и редовно се среќава на работни средби со министрите од Владата. Елизабета II држи и низа други позиции, меѓу нив и шеф на Комонвелтот, врховен поглавар на Англиканската црква, војвода од Нормандија, лорд на островот Ман, врховен командант на армијата на Велика Британија, врховен командант на армијата на Канада, врховен адмирал на морнарицата и др.

Елизабета II е еден од најдолго владеачките монарси во историјата, и исто така единствена која е водач на повеќе од една држава истовремено (заедно со претседателот на Франција кој истовремено е и ко-принц на Андора. Како што некои од колониите на Британскиот Комонвелт (денешен Комонвелт) се здобивале со независност од Велика Британија за време на нејзиното владеење, таа станувала кралица на новопрогласените независни држави.

Од 1947 кралицата е мажена за принцот Филип, војводата од Единбург, роден како принц од Грција и Данска, но по натурализацијата во Англија познат како Филип Маунтбатен. До денес тие имаат 4 деца и осум внуци.

Моментално таа е втор најстар шеф на држава во светот, по кралот Бумибол на Тајланд. През периодот од преку 50 години владеење, кралицата има доживеано смена на 10 британски премиери, како и бројни други премиери на земјите на Комонвелтот на кои таа е шеф на држава.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video